За нас

ЗА НАС

Виртуелниот центар за поддршка e онлајн услуга која ќе ѝ служи на пошироката јавност. Целта на истата е да ја едуцира јавноста за потребите на лицата со интелектуална попреченост, вклучувајќи го нивниот третман, грижа и нега, социјализација и интеграција.

Виртуелниот центар за поддршка e онлајн услуга која ќе ѝ служи на пошироката јавност. Целта на истата е да ја едуцира јавноста за потребите на лицата со интелектуална попреченост, вклучувајќи го нивниот третман, грижа и нега, социјализација и интеграција. Услугата пружа психо-социјална поддршка за лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, преку информирање за достапните социјални услуги, давање основни совети, и обезбедување ресурсен материјал (водичи), видеа и процедури за тоа како да се користат правата од системот за социјална заштита. Дополнително, советува за како да се поттикне и стане давател на социјални услуги кои ги вклучуваат лицата со интелектуална попреченост.

Формирањето на Виртуелен центар за поддршка е дел од активностите на проектот ОАСИС – Поддржано живеење во заедницата во Демир Капија,  спроведуван од организациите КМОП (водечки партнер), Хуманост и општина Демир Капија, а финансиски поддржан од Европската Унија.

Повеќе за проектот ОАСИС – Поддржано живеење во заедницата можете да најдете на веб страната www.oasis.mk

Партнери

КМОП Центар за социјална акција и иновација (Грција)

Здружение за поддршка и развој
Хуманост

Општина Демир Капија
(С. Македонија)

За која услуга би сакале да дознаете повеќе?

Add Your Heading Text Here

Add Your Heading Text Here