Чекори за лиценцирање

Чекори за лиценцирање

Што е лиценцирање на давател на социјална услуга?

Лиценцирањето на даватели на социјални услуги за вршење работи од социјална заштита е постапка во кој се утврдуваа исполнување на пропишаните условите за начинот, обемот, нормативите и стандардите во однос на локација, простор, кадар, опрема неопходни за давање на социјална услуга, уредени права и обврски помеѓу давателите на социјални услуги и корисниците и воспоставени механизми за мерење на задоволството на корисниците од социјалната услуга и механизми на анализа и оценка на постигнати резултати од социјалната услуга. Министерството за труд и социјална политика дава дозвола за работа на установи за социјална заштита и на други даватели на социјални услуги, за вршење на работи во социјалната заштита, и води евиденција според видот на социјалните услуги што ги даваат лиценцираните даватели на социјални услуги на кои им е издадена дозвола за работа. Здружение, јавна и приватна установа кои можат да бидат домашни или странски правни субјекти, физичко лице како други даватели на социјални услуги може да почнат со работа откако министерот за труд и социјална политика3 со решение утврди дека се исполнети условите за почеток со работа и издаде дозвола за работа. Решението за исполнетост на условите за почеток на работа и дозволата за работа што го донесува министерот се донесуваат врз основа на претходно мислење дадено од Комисија за лиценцирање на даватели на социјални услуги согласно подзаконски акти со кои се утврдени поблиските услови и критериуми, потребната документација, образецот на барањето за добивање дозвола за вршење работи од социјална заштита, начинот и постапката за издавање и одземање на дозвола за вршење работи од социјална заштита и начинот на водење на евиденцијата на лиценцирани даватели на социјални услуги (Службен весник бр.264/19).

Секој потенцијален давател или лиценциран давател на социјална услуга има можност да се запознае и информира за:

1. Пoстапката за лиценцирање,
2. Чекорите што се потребни за да се стане лиценциран давател на социјална услуга,
3. Потребни документи и како да се подготват кога се поднесува барање за добивање дозвола за вршење работи од социјална заштита,
4. Корисни информации при постапката за лиценцирање и неопходни чекори кои треба да се спроведат пред да се поднесе барање до Комисијата за лиценцирање на даватели на социјални услуги при Министерството за труд и социјална политика,
5. Што е потребно да се спроведе откако ќе се издаде Решение за добивање на дозвола за вршење работи од социјална заштита, и
6. Права и обврски на лиценциран давател на социјална услуга.

За која услуга би сакале да дознаете повеќе?

Add Your Heading Text Here

Add Your Heading Text Here