Дневен престој

Дневен престој

Услугата за дневен престој опфаќа дневно згрижување, индивидуални активности за стекнување животни и работни вештини, социјални, културни и рекреативни активности, едукација, социјална поддршка на лицата и нивните семејства и други сродни активности. Корисници на услугата се: деца во ризик, лица со попреченост, маргинализирани лица, стари лица и други лица со специфични социјални проблеми.

Со услугата за дневен престој се обезбедува дневно згрижување, исхрана одржување лична хигиена, индивидуални активности за стекнување животни и работни вештини, воспитни, социјални, културни и рекреативни активности, превентивни активности, советување, едукација, образовна поддршка, социјална поддршка на лицата и нивните семејства и други сродни активности, во зависност од потребите на корисниците.Во центрите за дневен престој се обезбедуваат услуги за најмногу 24 корисници со попреченост во еден објект, со што се овозможува квалитетна грижа, можност за спроведување на индивидуален пристап и третмани, групна работа, од страна на специјални едукатори и рехабилитатори, логопеди, психолози, физиотерапевти и други профили. Во Република Северна Македонија се отворени и функционираат центри за дневен престој за лица со попреченост, кои што се лоцирани во урбани средини, со што овозможува лесна соработка со сите други институции на локално ниво (образовни, социјални, здравствени установи и др.) и интеграција на корисниците во локалната
заедница.

Министерството за труд и социјална политика отвори центри за дневен престој во: Крива Паланка, Берово, Битола, Гевгелија, Гостивар, Делчево, Македонски Брод, Кавадарци, Свети Николе, Кичево, Куманово, Прилеп (центар за лица со попреченост, центар за лица со церебрална парализа), Пробиштип, Скопје (центар за лица со попреченост, центар за лица со церебрална парализа, центар за деца со аутизам и центар за деца и лица со Даунов Синдром), Тетово, Велес, Штип (центар за лица со попреченост и центар за деца со аутизам), Виница, Ресен, Крушево, Дебар, Кратово, Струмица, Кочани, Македонска Каменица и Валандово. Во рамките на ЈУ Завод за
рехабилитација на деца и младинци-Скопје, како посебен оддел функционира дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 26 годишна возраст. Во центрите за дневeн престој се опфатени над 450 корисници.

Сите центри за дневен престој работат пет дена во неделата по 8 часа дневно, а почетокот и завршетокот на работното време во секој центар е прилагоден на потребите на корисниците и нивните родители. Корисниците услугите на центрите за дневен престој ги користат преку организирано доаѓање и враќање. Една од приоритетните насоки на Министерството за труд и социјална политика е проширување на мрежата на центрите за дневен престој во оние општини каде што се уште не се развиени услуги на дневен престој за лицата со попреченост.

Министерството за труд и социјална политика кофинансира и 6 дневни центри за младинци и возрасни лица со ментална попреченост, кои што се управувани од страна на Републичкиот и Регионалниот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост “ПОРАКА” од Скопје и Неготино.

Контакти

Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост
ул. “Орце Николов” бр. 122 1000 Скопје, Република Македонија
e-mail: poraka@t.mk
тел. 02/3296-961

Порака Неготино – Неготино
ул. Киро Крстев бр 15 1440 Неготино, Македонија
тел: +389 43 370 720

ул. 60 бр. 90, Волково 1000 Скопје, Македонија
тел: +389 2 5057 753
e-маил: info@porakanegotino.eu.mk

Здружение Имаго-Плус
Втора Македонска Бригада 104, Скопје 1000 СРМ
тел: +389 70 992 202
Е-пошта: info@imagoplus.org.mk

Ресурсен центар на родители на деца со попреченост
ул. Васко Карангелески 33 Скопје, Македонија
тел: +389 (0) 78 449 852
тел: +389 (0) 78 449 851
Е-пошта: resursen.centar@yahoo.com
https://resursencentar.mk/servisi-i-poddrska/servisi/

За која услуга би сакале да дознаете повеќе?

Add Your Heading Text Here

Add Your Heading Text Here