Обука на професионалци за вклучување на лицата со попреченост во креирањето и испораката на социјални услуги во заедницата

Подготвеноста и обученоста на професионалните лица од јавните сервиси да ја извршуваат својата работа на начин кој не би бил дискриминирачки за лицата со попреченост, за да овозможи пристап до јавните услуги на овие лица и ќе осигура нивна целосна вклученост во општеството, е многу важен дел во процесот на деинституционализација.

Повеќе професионалци од клучни институции во Демир Капија: oпштината, училиштата, градинките, медицински лица, центарот за култура и другите социјални сервиси во градот, ги зајакнаа своите капацитети за поголема взаемна соработка и вмрежување за вклучување на лицата со попреченост во креирањето и испораката на социјални услуги во заедницата.

Учесници споделија дека за нив ова е прва обука од ваков вид, преку која се стекнаа со нови идеи на каков начин и какви заеднички активности можат да организираат со различни чинители од заедницата со цел да се вклучат лицата со попреченост во секојдневниот живот.

Базар по повод прославата на Св. Трифун

По повод прославата на Св. Трифун на 14 февруари корисниците заедно со негувателите и стручниот тим организираа Базар на рачни изработки во центарот на Демир Капија. Корисниците се дружеа и заедно се забавуваа со жителите од градот.

Базарот на станбените единици ОАСИС беше посетен и од Министерката за труд и социјална политика која поразговара со нашите корисници и вработени.

За која услуга би сакале да дознаете повеќе?

Add Your Heading Text Here

Add Your Heading Text Here