Пронајдоци на UNICEF од 2017 за каква е состојбата на децата со попреченост во државата, во однос на образованието, стигмата и дискриминацијата со која се соочуваат.
СОСТОЈБА НА ДЕЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Пронајдоци на UNICEF од 2017 за каква е состојбата на децата со попреченост во државата, во однос на образованието, стигмата и дискриминацијата со која се соочуваат.
Разговор со лица со хендикеп за најразличните митови и дезинформации поврзани со попреченостите и што значи да се живее со истите.
Вовед во правата на лицата со попреченост, со цел да им се обезбеди заштита и целосно уживање на сите човекови права како и фундаментални слободи.
Обука со цел зајакнување на знаењето и разбирањето на социјалните професионалци за основните принципи на иновации во социјалните услуги во заедницата (деца, млади и возрасни со попреченост во дневен престој, домашна грижа за стари лица, услуги за советување и поддршка на Центрите за социјална работа).
Подготвеноста и обученоста на професионалните лица од јавните сервиси да ја извршуваат својата работа на начин кој не би бил дискриминирачки за лицата со попреченост, за да овозможи пристап до јавните услуги на овие лица и ќе осигура нивна целосна вклученост во општеството, е многу важен дел во процесот на деинституционализација.
Повеќе професионалци од клучни институции во Демир Капија: oпштината, училиштата, градинките, медицински лица, центарот за култура и другите социјални сервиси во градот, ги зајакнаа своите капацитети за поголема взаемна соработка и вмрежување за вклучување на лицата со попреченост во креирањето и испораката на социјални услуги во заедницата.
Учесници споделија дека за нив ова е прва обука од ваков вид, преку која се стекнаа со нови идеи на каков начин и какви заеднички активности можат да организираат со различни чинители од заедницата со цел да се вклучат лицата со попреченост во секојдневниот живот.

По повод прославата на Св. Трифун на 14 февруари корисниците заедно со негувателите и стручниот тим организираа Базар на рачни изработки во центарот на Демир Капија. Корисниците се дружеа и заедно се забавуваа со жителите од градот.
Базарот на станбените единици ОАСИС беше посетен и од Министерката за труд и социјална политика која поразговара со нашите корисници и вработени.
