Групни домови “Сонце” и “Софи Бумо”

https://drive.google.com/file/d/1NBAhYslJ0IjQ80jNyFUQFVm7Av5ljisc/view?usp=sharing

Преку линкот може да погледнете видео во кое се претставени групните станбени единици во Демир Капија, основани и поддржани преку ОАСИС проектот.

Живеењето во групните домови поддржани од ОАСИС

https://drive.google.com/file/d/1jjjSNPDu62UaoeIm-MJAsrJnL5RMnmmW/view?usp=drive_link

На следниот линк може да се запознаете поубаво со работата и живеењето во групните домови кои се поддржани од нашиот проект. Преку разговор со стручните работници и негуватели, дознајте што е она што го прави живеењето во групен дом посебно.

Дознајте повеќе за ОАСИС проектот

https://drive.google.com/file/d/1O9jzq7TIOcTYuj1QkgoRDUfLRVr83WYt/view?usp=drive_link

На следниот линк може да го погледнете видеото во кое се опишани целите на ОАСИС проектот.

 ПОПРЕЧЕНОСТ И ДЕТСКА ЗАШТИТА

Стигмата, занемарувањето, верувањата и препреките во комуникацијата со децата со попречености, се едни од социјалните фактори кои допринесуваат кон нивна дискриминација и изолација од општеството. 

ИНКЛУЗИЈА НА ЛИЦАТА СО ПОРЕЧЕНОСТ Е ВАЖНО ЗА СИТЕ

Лицата со попреченост имаат поголема шанса да доживеат негативни социоекономски околности, како што се влошено здравје, помалку образование, помали можности за вработување и  како последица на истите-зголемени стапки на сиромаштија. 

ПОПРЕЧЕНОСТ-КАКО МЕ ГЛЕДАШ

Разговор за тоа како општеството ги гледа и се однесува кон луѓето со попречености, и како истото влијае врз нивната самодовербата и менталното здравје. 

 ПОПРЕЧЕНОСТ

Што значи поимот “попреченост” и што влегува во оваа дефиниција. Попреченостите се појавуваат во најразлични форми, видливост и нивоа. Тие можат да влијаат врз тоа како личноста се движи, размислува, и го гледа светот преку нивните сетила. Некои лица можат да имаат попречености кои се комбинација од сите овие категории.

ЗДРАВСТВЕНИ ПРАВА ЗА СЕКСУАЛНО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ НА МЛАДИТЕ ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Лицата со попреченост, вклучувајки ги и  младите луѓе, ги имаат истите потреби и права на информации и услуги за нивното сексуално и репродуктивно здравје како и нивните врсници. Младите лица со попречености имаат право да носат одлуки поврзани со нивните тела, врски, сексуално и репродуктивно здравје. 

ИНКЛУЗИЈА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Зошто целосната инклузија на лицата со попреченост е корисно за општото добро. Како заедницата, семејството и луѓе блиски до лицата со попреченост можат да ги поддржат за тие да водат исполнет живот. 

Трејлер за документарецот “БЕЛАСИЦА”

Документарниот филм Беласица го доловува богатото секојдневие на живот во заедница, за луѓето кои го поминале најголемиот дел од својот живот во институции. Го следи секојдневието на Марица и жителите на Центарот за згрижување лица со интелектуална попреченост во Волково. Филмот, ги доловува придобивките на деинституционализацијата и ја открива моќта на заедницата да обезбеди сите да имаат еднакво право на едноставните работи кои нудат шанса за среќа.

За која услуга би сакале да дознаете повеќе?

Add Your Heading Text Here

Add Your Heading Text Here